TРЕТМАНИ ЗА ТЕЛО

ПАРАФАНГО : е топла метода на третман за слабеење и против целулит кој се применува со серуми од типот А.Х.А, Аминоцел, Аминодрен и сл. Единечни се прават за превенција, а за постигнување на резултати се препорачува во пакети од најмалку 10 третмани, а може да се комбинира и со други антицелулитни третмани и масажи.
Парафанго е мешавина од парафин и лековита морска кал – пелоид или минерален вулкански пелоид – фанго кои взаемно лековито и биолошки дејствуваат на кожата. На третираната зона се нанесува соодветен серум против масни наслаги, целулит и сл., а потоа парафанго. Парафангото акумулира топлина која длабоко продира во ткивото и предизвикува потење, ја стимулира циркулацијата на крвта и лимфата со што се подобрува остранувањето на токсини и длабинското чистење на кожата, а воедно помага серумите против масни наслаги и целулит максимално да дејствуваат.

СОЛАРИУМ : се применува како подготовка за сончање на природно сонце, за одржување на бакарниот тен по враќање од годишен одмор или како замена на природното сонце. За заштита на кожата пред сончање се користат специјални креми за сончање на солариум, а за одржување на влажноста на кожата се применуваат креми по сончање.

ПИЛИНГ НА ТЕЛО : се применува за остранување на површинскиот мртов слој на клетки за да кожата може подобро да ги восприеми козметичките препарати кои се нанесуваат на телото, но воедно кожата добива убав изглед, а на допир станува мека и глатка како свила. Пилинг на тело може да се примени пред масажа, третмани за нега на тело и пред антицелулитни третмани.

БОДИ ВРАПИНГ : е топла метода на третман за слабеење и против целулит кој се применува со специјални креми за прва фаза или за втора и трета фаза на целулит. Единечни се прават за превенција, а се препорачува во пакети од најмалку 10 третмани, а може да се комбинира и со други антицелулитни третмани и масажи.
Боди врапинг кремата е на база на морски алги, овошни киселини и етерични масла кои взаемно дејствуваат на масните наслаги и целулитот. Телото се премачкува со оваа крема, а потоа се обвиткува со најлонска фолија со што се акумулира топлина која длабоко продира во ткивото и предизвикува потење, ја стимулира циркулацијата на крвта и лимфата со што се подобрува остранувањето на токсини, а воедно помага подобро дејство на масните наслаги и на целулитот. Фолијата воедно помага на секој третман телото да се намалува во обем без да се опушти што може да се утврди со редовно мерење.

ГУАМ РАПИДО ТРЕТМАН : е интензивно топла метода на третман за интензивно топење на маснотии и целулит кој се применува со препарат составен од специјална морска кал со алги, овошни киселини и етерични масла. Овој третман се препорачува на странки кои се издржливи на интензивна топлина и пржење што се јавува при дејството на овој препарат. Единечни третмани се прават за превенција, а се препорачува во пакети од најмалку 10 третмани, а може да се комбинира и со други антицелулитни третмани и масажи.

ГУАМ АЛГИ ТРЕТМАН : е топла метода на третман за прочистување на телото од токсини, за топење на маснотии и целулит кој се применува со препарат составен од специјална морска кал со алги, овошни киселини и етерични масла. Единечни третмани се прават за превенција, а се препорачува во пакети од најмалку 10 третмани, а може да се комбинира и со други антицелулитни третмани и масажи.

ВЕЖБИ ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ И ПОДИГАЊЕ НА СЕДАЛНИОТ ДЕЛ : се специјални вежби кои се изведуваат со инструкции на инструктор за да се зајакне седалниот дел по нагло слабеење, поради работа која обрзува долго седење на столица, поради опуштање на еластичното и сврзното ткиво во зрелата возраст и сл.

ГУАМ ПИЛИНГ СО АЛГИ : се применува за остранување на површинскиот мртов слој на клетки за да кожата може подобро да ги восприеми козметичките препарати кои се нанесуваат на телото, но воедно кожата ја негуваат и ја хранат со алги по што кожата добива убав изглед, а на допир станува мека и глатка како свила. Пилинг на тело може да се примени пред масажа, третмани за нега на тело и пред антицелулитни третмани.

ГУАМ АЛГИ ТРЕТМАН ЗА СТОМАК : се применува за топење на масни наслаги, остранување на целулит и затегање на кожата само во пределот на стомакот.

ГУАМ ЛАДНА КАЛ : е ладна метода на третман за лица со проширени вени и испукани капилари за прочистување на телото од токсини, за топење на маснотии и целулит кој се применува со препарат составен од специјална морска кал со алги, етерични масла, екстракт од костен и ментол. Единечни третмани се прават за превенција, а се препорачува во пакети од најмалку 10 третмани, а може да се комбинира и со други антицелулитни третмани и масажи.

КРИОСЛИМ ТРЕТМАН : е ладна метода на третман за лица со проширени вени и испукани капилари за прочистување на телото од токсини, за топење на маснотии и целулит кој се применува со специјални серуми. Единечни третмани се прават за превенција, а се препорачува во пакети од најмалку 10 третмани.

ТАЛГО ТРЕТМАНИ НА ТЕЛО

ТАЛГО ТРЕТМАН СО КАЛ И МОРСКА СОЛ : е третман кој го прочистува, регенерира и релаксира телото. Се препорачува на дехидрирана кожа од секој тип и на сува кожа, а задолжително пред одење на летен одмор и пред интензивни третмани за слабеење.
ТАЛГО ТРЕТМАН СО АЛГИ : е третман за сите кои сакаат прочистување, ревитализација и нахранување на телото. Овој третман помага да се топат маснотиите и целулитот. Одличен третман за младите мајки кои сакаат да си ја вратат формата.
ТАЛГО ТРЕТМАН ЗА ЦЕЛУЛИТ И СЛАБЕЕЊЕ : е интензивен третман за топење на масните наслаги и остранување на целулитот.
ТАЛГО ТРЕТМАН АРОМАТИК : е третман од кал со специјална мешавина од билни масла и етерични масла кои имаат моќ да го прочистат, регенерираат, ревитализираат и релаксираат телото. Се препорачува на секој тип на кожа. Етеричните масла максимални го релаксираат телото.
ТАЛГО ТРЕТМАН БАЊА СО АЛГИ
ТАЛГО ТРЕТМАН БАЊА СО МОРСКА СОЛ
ТАЛГО ТРЕТМАН БАЊА АРОМАТИК
ТАЛГО МИНЕРАЛИЗАЦИЈА НА ТЕЛО СО АЛГИ
ТАЛГО ТРЕТМАН ЗА ДРЕНАЖА :
е третман кој се применува со специјална терапевтска козметика која прави лимфна дренажа на телото, а потоа телото рачно се масира со техниката лимфна дренажа со што ефектот на прочистување на телото максимално се реализира
ТАЛГО КРИО ТЕРАПИЈА : е ладна метода на третман за оние кои имаат проширени вени и испукани капилари за прочистување на телото од токсини, за топење на маснотии и целулит
ТАЛГО ТРЕТМАН ЗА ЗАТЕГНУВАЊЕ И СЛАБЕЕЊЕ : е третман со кој истовремено се слабее и се обликува телото со затегнување. Одличен е за слабеење на бедра, бутови и нозе.
ТАЛГО ПИЛИНГ 

070227684

За закажување
Јавете се!