Класични третмани на лице
Општо за класични третмани на лице

Класичните козметички третмани за омекнување на комедоните за чистење се реализираат со вапозом, термо маска или комедо омекнувач. Секој метод си има свои специфичности и козметичарот може наизменично да ги применува или во договор со странката.
Со топлотното парење на вапозомот се постигнуваат следниве ефекти на кожата: интензивирање на метаболизмот на кожата, смалување на тензијата на мускулите што претставува добра подготовка за масажа, хидратација на кожата што претставува добра подготовка за подобро восприемање на хранливите состојки на маските, а озонската пареа прави микромасажа при продирањето во длабинските слоеви на кожата.
При топлотното парење со термо маската се користи кројтер односно мешавина од лековити ароматични билки. Козметичарот според типот и состојбата на кожата прави мешавина од билките жалфија, камилица, кантарион, лаванда, липа, мајчина душица, нане, рузмарин, слез и ленено семе.
Со комедо омекнувачот имаме ладна метода на парење што е мошне погодна за странки кои не сакаат топла метода на парење или се алергични на водена пареа или билки. Исто така е добар кај странки што имаат многу испукани капилари.
Сите класични козметички третмани применуваат една од овие три методи на омекнување на комедоните за чистење, а се разликуваат во сите други постапки во однос на маските, масажите на лице и сл.

ДОКОЛКУ ВИ ТРЕБА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ МОЖЕТЕ И ОВА ДА ГО УПОТРЕБИТЕ ЗА БИЛКИТЕ:

  • Жалфија : има антисептичко својство, ја смирува кожата, делува против воспаленија, одличен за мрсна и себороична кожа
  • Камилица : освежува, смирува, ублажува воспаленија, одличен за сува, нормална, чувствителна, иритирана или зрела кожа
  • Кантарион : има антисептичко својство, ја смирува кожата, делува против воспаленија
  • Лаванда : ја омекнува и тонира кожата, ефикасна кај мрсна кожа
  • Липа : благотворно дејствува на кожата, ублажува отечена кожа
  • Мајчина душица : антибактериски делува, одлично дејствува на проблематична кожа, на нечиста кожа и на кожа со раширени пори
  • Нане : делува антисептички и астригентно, ги стеснува порите, дејствува против брчки
  • Рузмарин : ја забрзува циркулацијата на крвта во кожата, одличен за бледа кожа со слаба циркулација
  • Слез : ги стеснува порите на кожата
  • Ленено семе : ја подобрува циркулацијата на крвта во кожата

КЛАСИЧЕН ТРЕТМАН НА ГРБ : се применува на странки кои имаат митесери и мозолки на грбот, а при омекнувањето на комедоните се користи водена пареа од вапозом. Со редовна примена на овие третмани, овие проблеми се острануваат, а кожата на грбот станува чиста и убава.

ТРЕТМАН ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЛИЦЕ : се применува за редовно чистење на митесери на секој тип на кожа. Третманот опфаќа чистење на кожа, пилинг, парење на кожата на лицето со разни техники, чистење на комедони, дезинфекција на кожата, нанесување на соодветна класична маска, тонизирање и нанесување на соодветна крема.

КЛАСИЧЕН ТРЕТМАН НА ЛИЦЕ : се применува за редовно чистење на митесери на секој тип на кожа. Третманот опфаќа чистење на кожа, пилинг, парење на кожата на лицето со разни техники, чистење на комедони, дезинфекција на кожата, нанесување на соодветна маска според тип на кожа, масажа на лицето, нанесување на втора маска според потреби на кожата, тонизирање и нанесување на соодветна крема.

КЛАСИЧЕН ТРЕТМАН НА ЛИЦЕ СО ПОЛУМОЈСТ МАСКА : е третман кој ги содржи сите постапки од класичниот третман на лице, а при тоа се користи есклузивната полумојст маска која е одлична за сува, чувствителна и зрела кожа, кожа на која сакаме да & ја вратиме еластичноста и кожа на која сакаме да спречиме појавување на брчки, кожа која е напната и под стрес, на кожа која сакаме да & го вратиме природниот тон. Со тестирање е докажано дека кожа на која е ставена оваа маска за 30 % е помазна поради подобрениот тонус на кожата.

КЛАСИЧЕН ТРЕТМАН НА ЛИЦЕ СО ПАРАФИН : е третман кој ги содржи сите постапки од класичниот третман на лице, а при тоа се користи есклузивна парафинска маска која е одлична за чувствителна кожа, за дехидрирана кожа која може да биде од нормален, сув или мрсен тип ( за да се коригира соодносот на влага и мрснотија во кожата), за зрела кожа која има потреба од регенерација и ревитализација, за избрчкана кожа која има потреба од интензивно нахранување, за кожа со пореметена пХ вредност ( киселинско – заштитна обвивка), кај себороична кожа која има потреба од отклонување на површинските нечистотии и мрсни наслаги, за секој тип на кожа која има потреба од свежина и сјај.

КЛАСИЧЕН ТРЕТМАН НА ЛИЦЕ СО ТЕРМО МОДЕЛАЖ : е третман кој ги содржи сите постапки од класичниот третман на лице, а при тоа се користи есклузивна термо моделаж маска која е одлична за дехидрирана кожа која може да биде од нормален, сув или мрсен тип ( за да се коригира соодносот на влага и мрснотија во кожата и длабински да се навлажни кожата), за зрела кожа која има потреба од интензивна регенерација и ревитализација, за избрчкана кожа која има потреба од интензивно нахранување и ревитализација, за изморена кожа за витализација, за кожа со проширени пори за стеснување на порите, за нечиста младешка кожа со мозолчиња, за кожа со акни.

КЛАСИЧЕН ТРЕТМАН ЗА ВЛАЖНОСТ НА ЛИЦЕ : е третман кој ги содржи сите постапки од класичниот третман на лице, а при тоа се користат маски и масажни препарати за длабинска хидратација на кожата.

КЛАСИЧЕН ТРЕТМАН СО АРОМАТЕРАПИЈА : е третман кој ги содржи сите постапки од класичниот третман на лице, а при тоа се користат фитоароматераписки маски или се применува масажа со масажни гелови или креми во комбинација со билни масла и етерични масла по избор на странката или според состојбата на кожата. Аромамасажата освен терапевтското дејство на кожата има и релаксирачко дејство на психата.

ТРЕТМАН ЗА ОСВЕЖУВАЊЕ СО КЛАСИЧНА МАСКА : е третман за навлажнување, нахранување на кожата и опфаќа чистење на кожа, пилинг, нанесување на соодветна класична маска според тип на кожа, масажа на лицето, нанесување на втора маска според потреби на кожата, тонизирање и нанесување на соодветна крема.

ТРЕТМАН ЗА ОСВЕЖУВАЊЕ СО АРОМАТЕРАПИЈА : е третман за навлажнување, нахранување на кожата и ги опфаќа сите постапки од третманот за освежување со класична маска, но масажата на лицето се применува со масажни гелови или креми во комбинација со билни масла и етерични масла по избор на странката или според состојбата на кожата. Аромамасажата освен терапевтското дејство на кожата има и релаксирачко дејство на психата.

ТРЕТМАН ЗА ОСВЕЖУВАЊЕ СО АЛГО МАСКА : е третман за навлажнување, нахранување на кожата и ги опфаќа сите постапки од третманот за освежување со класична маска, но се применува ексклузивна алго маска богата со продукти од морето.

ТРЕТМАН ЗА РЕГЕНЕРАЦИЈА НА ЛИЦЕ : е третман за навлажнување, нахранување на кожата и ги опфаќа сите постапки од третманот за освежување со класична маска, но се применува ексклузивна маска за регенерација на кожата на лицето.

ТРЕТМАН ЗА ОСЕТЛИВА КОЖА : е третман за навлажнување, нахранување на кожата и ги опфаќа сите постапки од третманот за освежување со класична маска, но се применува ексклузивна маска која кожата ја смирува и не дозволува да реагира.

КЛАСИЧЕН ТРЕТМАН ЗА МРСНА КОЖА : е третман кој ги содржи сите постапки од класичниот третман на лице, а при тоа се користат маски кои влијаат на лојните жлезди нормално да лачат маснотија.

КЛАСИЧЕН АНТИАКНИ ТРЕТМАН : е третман кој ги содржи сите постапки од класичниот третман на лице, а при тоа се користат антиакни маски кои имаат дезинфекциско својство, но воедно ги смируваат воспалните процеси и ја нормализираат работата на лојните жлезди.

КЛАСИЧЕН ТРЕТМАН ЗА СТЕСНУВАЊЕ НА ПОРИ : е третман кој ги содржи сите постапки од класичниот третман на лице, а при тоа се користат адстригентни маски кои со редовна примена ги стеснуваат проширените пори поради различни причини.

ТРЕТМАН ЗА ИСПУКАНИ КАПИЛАРИ : е третман кој ги содржи сите постапки од класичниот третман на лице, а при тоа се користат антикуперозни маски кои со редовна примена испуканите капилари ги прават помалку видливи, а на крај невидливи со голо око.

ТРЕТМАН ЗА БЛЕСКАВ ИЗГЛЕД СО ПАРАФИН : е третман за навлажнување, нахранување на кожата и ги опфаќа сите постапки од третманот за освежување со класична маска, но се применува ексклузивна парафинска маска што дава блескав изглед.

ТРЕТМАН ЗА БЛЕСКАВ ИЗГЛЕД СО КОЛАГЕН : е третман за навлажнување, нахранување на кожата и ги опфаќа сите постапки од третманот за освежување со класична маска, но се применува ексклузивна колагенска маска што дава блескав изглед.

СЕРУМ ЗА ЛИЦЕ :
АМПУЛА ЗА ЛИЦЕ :
КЛАСИЧЕН ТРЕТМАН ЗА ИЗБЕЛУВАЊЕ – ОСНОВЕН : е третман за навлажнување, нахранување на кожата и ги опфаќа сите постапки од третманот за освежување со класична маска, но се применува ексклузивна маска за избелување на кожата.

 

ЕКСКЛУЗИВНИ ТРЕТМАНИ НА ЛИЦЕ

ТРЕТМАН НА ЛИЦЕ ЗА ИЗБЕЛУВАЊЕ : е терапевтски третман за избелување на кожата, осветлување на флеки создадени од сонце и во текот на бременост и со редовна примена нивно остранување. Природните пеги со овие третмани стануваат посветли и помалку видливи.

ТРЕТМАН НА ЛИЦЕ СО АЛГО МАСКА : е третман за освежување со ексклузивна и богато хранлива алго маска.

ХИДРО – ЛИФТИНГ ТРЕТМАН : е третман за освежување кој длабински ја влажни кожата, помалите брчки ги мазни, а поголемите ги ублажува. Со редовна примена на овој третман кожата кожата ја задржува својата еластичност и тонусот и во зрелата возраст.

ТРЕТМАН ЗА ПОДОЧНИЦИ И БРЧКИ ВО ПРЕДЕЛОТ НА ОЧИТЕ : се применува за ублажување на подочниците и брчките во пределот на очите. Со редовна примена подочниците и брчките пополека стануваат невидливи.

ТРЕТМАН ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ 3Д : е третман за освежување на лице кој се реализира со специјална козметика која има моќ тродимензионално да ги пополни брчките и да го успори процесот на стареење на кожата.

ТРЕТМАН ЗА ГРАДИ : е третман за нега и за задржување на еластичноста и тонусот на градите. Се препорачува за задржување на убавината на градите во секоја возраст.

ТРЕТМАН ЗА ЛИЦЕ СО Ц – КОЛАГЕН : е третман за нега, освежување на секој тип на кожа, посебно на лица кои долго престојуваат во затворен простор, живеат во загадена средина или се пушачи. Посебно се препорачува во зрелата возраст.

3Д ТРОДИМЕНЗИОНАЛЕН ТРЕТМАН ЗА ЛИЦЕ : е третман за освежување на лице кој се реализира со специјална козметика која има моќ тродимензионално да ги пополни брчките и да го успори процесот на стареење на кожата.

ХРОМОТЕРАПИЈА НА КОЖА НА ЛИЦЕ : е третман за освежување, нахранување и регенерација на лицето што се реализира со специјална козметика која на кожата делува хромотераписки и дава енергија и виталност.

3Д ТРОДИМЕНЗИОНАЛЕН ТРЕТМАН НА ОЧИ : е третман за освежување на лице кој се реализира со специјална козметика која има моќ тродимензионално да ги пополни брчките и да го успори процесот на стареење на кожата.

ОСВЕЖИТЕЛЕН ТРЕТМАН ЗА ОЧИ : е третман со кој пределот на очите се навлажнува, нахранува, се спречува појава на брчки и отоци.

ХИДРОЛИФТИНГ ТРЕТМАН : е третман за освежување кој длабински ја влажни кожата, помалите брчки ги мазни, а поголемите ги ублажува. Со редовна примена на овој третман кожата кожата ја задржува својата еластичност и тонусот и во зрелата возраст.

ТРЕТМАН ЗА ИСПУКАНИ КАПИЛАРИ ( КУПЕРОЗНА КОЖА) : е третман за освежување на лице кој се реализира со специјална маска и козметика која има моќ со редовна примена испуканите капилари да ги напправи помалку видливи, а на крај невидливи со голо око.

3Д ТРОДИМЕНЗИОНАЛЕН ТРЕТМАН ЗА ГРАДИ : е третман за нега и за давање на еластичност, тонус, а поради тродимензионалната моќ на козметиката и волумен на градите. Посебно е препорачлив за жени по нагло слабеење, по период на доење и во зрелата возраст.

ОСВЕЖИТЕЛЕН ТРОДИМЕНЗИОНАЛЕН ТРЕТМАН ЗА ГРАДИ : е третман за нега и за задржување на еластичноста и тонусот на градите, а воедно дава волумен. Се препорачува за нега на градите во зрелата возраст или на жени на секоја возраст кои сакаат поголеми гради. По овој третман градите имаат посебна убавина и на поглед и на допир.

ТРЕТМАН СО АЛГО МАСКА НА ЛИЦЕ, ОЧИ И ВРАТ 

ТРЕТМАН СО АЛГО МАСКА НА ЛИЦЕ И ОЧИ 

РЕГЕНЕРИРАЧКИ ТРЕТМАН НА ЛИЦЕ 

АРОМАТЕРАПИСКИ ТРЕТМАН НА ЛИЦЕ 

 

ОПШТО ЗА ОКСИГЕНСКИТЕ ТРЕТМАНИ ( ТРЕТМАНИ СО КИСЛОРОД) : се третмани за сите типови на кожа за длабинска регенерација, ревитализација и релакасирање при масажата со четки или раце на лицето. По восприемањето на големото количество на кислород, кожата добива енергија, ја враќа свежината и добива убав сјај.ТАЛГО ТРЕТМАН ОКОЛУ ОЧИ : за редовна нега на пределот на очите, превенција од брчки и намалување на брчки

ТАЛГО ТРЕТМАН ЗА СЕНЗИТИВНА КОЖА : која тешко прифаќа класична козметика. Благите состојки на овој специјален третман ја негуваат и ја смируваат кожата.

ТАЛГО ТРЕТМАН ЗА ХИДРАТАЦИЈА – ОСНОВЕН :

ТАЛГО МИНЕРАЛИЗАЦИЈА НА КОЖА СО АЛГИ :

ТАЛГО ТРЕТМАН ЗА ХИДРАТАЦИЈА СО ХИДРАНТНА МАСКА :
ТАЛГО ТРЕТМАН ЗА АПСОЛУТНА ХИДРАТАЦИЈА :

ТАЛГО КОЛАГЕНСКИ ТРЕТМАН : за зрела кожа, за одржување на еластичноста, тонусот и свежината на кожата.

ТАЛГО ТРЕТМАН ЗА СУВА КОЖА : што дава влага и маснотија на кожата со што се враќа свежината и сјајот на кожата

ТАЛГО ТРЕТМАН ЗА МАСНА КОЖА : што одзема вишок на маснотии од кожата и ја нормализира работата на лојните жлезди

ТАЛГО ТРЕТМАН ЗА МАСНА КОЖА СО АЛГИ :
ТАЛГО ТРЕТМАН ЗА МАСНА КОЖА СО РЕЛАКСАЦИЈА :

ТАЛГО ТРЕТМАН ЗА ЛИФТИНГ НА ЛИЦЕ : за пополнување на брчки со што на почетокот се помалку видливи, а потоа се постигнува да се невидливи.

ТАЛГО ТРЕТМАН ЗА ЗРЕЛА КОЖА ФУНДАМЕНТ :

ТАЛГО ТРЕТМАН ЗА ЗАТЕГНУВАЊЕ НА ЛИЦЕ : кај зрела кожа за да се подобри еластичност и тонусот на кожата, а брчките за да се намалат и станат невидливи

 

070227684

За закажување
Јавете се!