Warning: Trying to access array offset on value of type bool in /home/leontic/studio.leontic.edu.mk/wp-content/themes/dt-the7/inc/extensions/aq_resizer.php on line 116

Warning: Trying to access array offset on value of type bool in /home/leontic/studio.leontic.edu.mk/wp-content/themes/dt-the7/inc/extensions/aq_resizer.php on line 117

Warning: Trying to access array offset on value of type bool in /home/leontic/studio.leontic.edu.mk/wp-content/themes/dt-the7/inc/extensions/aq_resizer.php on line 116

Warning: Trying to access array offset on value of type bool in /home/leontic/studio.leontic.edu.mk/wp-content/themes/dt-the7/inc/extensions/aq_resizer.php on line 117

Пакети за масажа
Општо дејство на сите масажи

 

  • освежување и регенерација на кожата и поткожното ткиво;
  • подобрување на биохемиските реакции на кожата;
  • разложување на штетните материи насобрани во мускулите;
  • подобрување на прочистувањето на лимфниот систем;
  • подобрување на исхраната на кожата со ширење на кожните капилари и лимфните садови;
  • зголемување на еластичноста на кожата;
  • отстранување или ублажување на брчките;
  • зацврстување и подмладување на мускулите;
  • намалување на напетоста и згрченоста на мускулите;
  • ублажување на болката;
  • се забрзува циркулација од 7 – 8 пати во однос на нормалната состојба без напрегање на срцето;
  • се акумулира енергија и се создава чувство на опуштеност.

Сите видови на масажи го имаат гореизложениот ефект на кожата, но зависно од видот на масажата и козметичките препарати коишто се употребуваат, имаат и дополнителни ефекти на организмот.

 

МАСАЖА НА ГРБ : се применува кај странки кои имаат болки на грб поради долготрајна работа поврзана со седење, работа на компјутер и сл. со што се постигнува опуштање на мускулатурата и постепено остранување на болката или тегобата. Оваа масажа се применува со специјални масажни масла кои влијаат на опуштање на тензијата и болката во грбот.

МАСАЖА ПРОТИВ ЦЕЛУЛИТ : се применува за топење на масни наслаги и целулит, за остранување на згрченоста или болката што може да се јави кај целулитот, но воедно и за обликување и оформување на телото при слабеењето. Оваа масажа се применува со специјални масажни масла или креми кои интензивно дејствуваат на масните наслаги и целулитот.

АНТИСТРЕС МАСАЖА : се применува кај странки кои чувствуваат дека се под стрес поради долготрајна работа, стресна работа, долготрајни проблеми и сл. Оваа масажа се применува со специјални масажни масла кои влијаат на остранување на стресот и опуштање на организмот.

КЛАСИЧНА МАСАЖА : се применува кај странки за одржување на телото во добра форма, за раздвижување и зацврстување на мускулатурата на телото, зголемување на еластичноста и тонусот на кожата. Оваа масажа се применува со специјални масажни масла за давање на еластичност и тонус на кожата.

МАСАЖА ЗА РЕЛАКСИРАЊЕ : се применува кај уморни или исцрпени странки за да се релаксира телото. Оваа масажа се применува со специјални масажни масла кои имаат релаксирачко дејство на организмот.

МАСАЖА СО АРОМАТЕРАПИЈА ( АРОМАМАСАЖА) : е ексклузивна масажа и може да се примени со сите гореизложени техники на масажа во комбинација со специфични етерични масла по избор на странката или козметичарот кои имаат позитивно дејство на телото и на психата. Етеричните масла коишто се добиваат од најразновидни лековити билки се комбинираат со разновидни билни масла или козметички масла непосредно пред масажата според желбата или потребите на странката.

МАСАЖА СО ЧОКОЛАДНО МАСЛО ( ЧОКОЛАДНА МАСАЖА) : е ексклузивна масажа и се применува за релаксирање на организмот, но воедно и за нахранување на кожата со богатите состојки на чоколадното масажно масло.

МАСАЖА НА ТЕЛО СО АРОМАТЕРАПИЈА И АКУПРЕСУРА : е ексклузивна масажа која покрај реласирачкиот ефект има и терапевтски ефект. Во масажата се применуваат масажни масла со специјални етерични масла зависно од состојбата на организмот и акупресурни точки зависно од состојбата и евентуалните проблеми кои ги има телото. Ароматерапијата во комбинација со акупресурата односно стимулирање на одредени точки за специфични проблеми, за кратко време го опуштаат, окрепнуваат организмот физички и психички и му даваат енергија.

АЈУВЕРДА МАСАЖА : е ексклузивна масажа која се применува со древни техники на масирање во автентичен амбиент. Со оваа масажа организмот се релаксира психички и физички и се полни со енергија.

 

ПАКЕТИ ЗА СЛАБЕЕЊЕ

Овие пакети се составени од комбинација на најразновидни методи на слабеење. Во овие пакети се вклучени рачните антицелулитни масажи, рачните антицелулитни третмани како што се боди врапинг, гуам, парафанго, антицелулитните третмани со ЛПГ апаратот, воздушните масажи за детоксикација и антицелулитните хидромасажи во КАРИБУ бањата. Странката може по своја желба според афинитет да одбере некој пакет, но може да одбере и со помош на козметичарот или масерот.

 

Пакети со лпг третмани
Општо дејство на лпг апаратот

ЛПГ апаратот е еден од најсовремените апарати во успешната борба против целулитот и обликувањето на телото по остранувањето на целулитот без ригорозни диети и напорни вежби. Со пронајдокот на овој апарат странките веќе немаат потреба да размислуваат за остранување на целулитот со долготрајни диети или интензивни физички активности доколку начинот на живот или работа тоа не им го дозволува или да размислуваат на липосукција како последна надеж да го постигнат саканиот изглед. А факт е дека диетите и физичките активности можат да бидат превенција или да помогнат во борбата против целулитот, но не можат да го остранат. Исто така липосукцијата го остранува целулитот со една операција, но после тоа ако се продолжи со стариот начин на живот истиот проблем повторно се повторува.
ЛПГ апаратот ви овозможува без липосукција да го постигнете саканиот изглед и да го одржувате без страв дека повторно ќе се соочите со истиот проблем!
ЛПГ апаратот може да се примени:

  • кај странки што имаат само масни наслаги, се прави третман против масни наслаги и обликување на телото за да не се опушти кожата бидејќи доаѓа до намалување на обемот на телото;
  • кај странки што имаат само целулит, се прави третман против целулит без да се намали обемот на телото;кај странки што имаат масни наслаги во комбинација со целулит се прави третман за топење на масни наслаги, остранување на целулитот и обликување на телото за да не се опушти кожата бидејќи доаѓа до намалување на обемот на телото;
  • кај странки пред да одат на липосукција се прават третмани за да се постигнат подобри резултати, а по липосукција се прават третмани за зачувување на резултатите од липосукцијата;
  • кај сите странки што сакаат превентивно да се заштитат од масни наслаги, целулит, опуштање на кожа и слично.

ЛПГ ТРЕТМАН ЗА ЛИМФНА ДРЕНАЖА : се применува кај странки за прочистување на телото преку исфрлање на штетни, токсични, отровни материи кои во телото се внесуваат преку воздух ( загаден од издувни гасови), вода ( изобилна со хлор и слични додатоци), почва ( со многу вештачки ѓубрива и пестициди кои оставаат свои траги на овошјето и зеленчукот кои ги конзумираме) и индустриски произведена храна ( богата со конзерванси, адитиви, подобрувачи на вкус и сл.). Лимфната дренажа се применува и за исфрлање на вода што се задржала во организмот, и подобрување на циркулацијата. Доколку странката освен овие проблеми има и целулит, прво се прават 3-4 третмани за лимфна дренажа, а потоа ЛПГ третманите за целулит и силуета со што се постигнуваат подобри резултати.

ЛПГ ТРЕТМАН ЗА СТОМАК : се применува кај странки кај кои што постои гојазност и целулит само во пределот на стомакот што е честа појава кај мажите. Овие третмани се одлични за жени по бременост, по периодот на доење, за да се затегне опуштената кожа кај стомакот и за да се намалат евентуалните лузни и стрии, а помалите за да бидат невидливи. Со овие третмани кожата се зацрврстува, станува поеластична и на надворешен изглед естетски е поубава.

ЛПГ ТРЕТМАН ЗА ОБЛИКУВАЊЕ НА СЕДАЛНИОТ ДЕЛ : се применува кај странки кај кои што седалниот дел е опуштен, со овие третмани кожата се зацрврстува, станува поеластична и на надворешен изглед естетски е поубава.

ЛПГ ТРЕТМАН ЗА ЦЕЛУЛИТ И СИЛУЕТА : се применуваат кај странки за остранување на целулитот, но воедно и давање на форма, силуета на телото. Доколку странките имаат нерамнини на кожата, таа се изгладува и добива естетски поубав изглед. Со секој третман силуетата на телото станува поубава, а целулитот сигурно се остранува. Овој третман се прилагодува на состојбата на телото, доколку странката има и масни наслаги и целулит се применува програма што дејствува на обата проблема; доколку странката има само масни наслаги се дејствува на нив; а доколку страката има само целулит се дејствува на негово остранување; но во сите три ситуации паралелно телото се обликува и зацврстува.

ЛПГ ТРЕТМАН ЗА ОПУШТЕНА КОЖА : се применува кај странки кои немаат масни наслаги и целулит, но имаат опуштена кожа ( што естетски делува како странката да е полничка или дебела) за да кожата се зајакне, стане покомпактна и добие естетски убав изглед.

 

Пакети третмани за карибу бања

КАРИБУ ВОЗДУШНА МАСАЖА : може да се примени кај секоја странка што сака да го прочисти организмот од токсични, отровни материи коишто се собираат во организмот, а воедно длабински да ја навлажни кожата и да влијае на нејзината регенерација. По третманот во ваква финска сауна организмот се чувствува освежен и релаксиран. Ефектот е ист како во престој во класична сауна, но странката многу попријатно го доживува третманот. Овој третман се препорачува за прочистување на организмот од токсини пред антицелулитни третмани или масажи, бидејќи тие поврзани со маснотија и вишок на вода создаваат целулит. На прочистен организам, антицелулитните третмани имаат многу подобар ефект.

КАРИБУ РЕЛАКСИРАЧКА ХИДРО – МАСАЖА : се прави во КАРИБУ – бања односно специјална када исполнета со топла вода. Може да се примени на секоја странка што сака да го прочисти организмот од токсични материи, но воедно под влијание на специјални млазеви на вода да се релаксира телото. Хидромасажата може да се искомбинира со ароматерапија преку примена на етерични масла кои го зголемуваат релаксирачкиот ефект.

КАРИБУ АНТИЦЕЛУЛИТНА ХИДРО – МАСАЖА : се прави во КАРИБУ – бања односно специјална када исполнета со млака вода. Се применува кај странки кои имаат проблем со масни наслаги и целулит. Под влијание на специјални млазеви, водата прави антицелулитна масажа на телото. Хидромасажата може да се искомбинира со ароматерапија преку примена на етерични масла кои дејствуваат на масни наслаги и целулит.

КАРИБУ ТРЕТМАН ЗА ОТЕЧЕНИ НОЗЕ И СТАПАЛА : се применува во КАРИБУ – бања со хидромасажа за да се острани отокот и чувството на тежина од нозете и стапалата. Хидромасажата може да се искомбинира со ароматерапија преку примена на етерични масла кои дејствуваат против оток.

070227684

За закажување
Јавете се!