Модерен дизајн, луксузен стил со најнови трендови во опремата е она што леонтиќ спа центарот го поседува. Исто така нуди 3 различни третмани.

Третмани на лице и тело

Масажи на теломасажа со топли и сушени  лековити билки

Ајуверда масажа

масажа со топли камења

Комбинирани масажи

АРОМА ТЕРАПИЈА

Ароматерапија е користење на етерицните(есенцијални) масла и билки за лечење на телото, умот и духот. Различните есенцијални масла можат да имаат силен ефект на расположението и благосостојбата и зголемување на здравјето на умот и телото. За време на овој третман класичната масажа е комбинирана со есенцијални масла за релаксација или стимулација. Како што кожата и сетилата длабоко ги апсорбираат даровите од природата, имунолошкиот систем се одмора, закрепнува и добросостојбата повторно се воспоставува. Уживајте во овој прекрасен третман кој ве води до природен баланс на потребите на вашиот ум, тело и дух.

 

КАРИБУ

Дрвениот кревет е адаптиран за сите типови на третмани, со потпирка за глава, со тополино над креветот и со еластичен мек душек, Карибу кадата изгледа како фонтана од која преку прскалки излегува топла вода и воздух, а има избор и за примена на ароматерапија.Бањата на пареа е пријатна и мошне ефикасна доколку се примени во комбинација со ароматерапија. Таа е најстар и најмногу применуван третман за добросостојба на телото. Овој третман има силна моќ за подобрување на тонификацијата и еластичноста на кожата преку детоксификација и елиминирање на нечистотијата од телото. Има перница која се става во делот за потпирање на главата на креветот. Од конзолата се регулира идеалната температура за клиентот и се определува типот на третман кој треба да се направи.Кадата за хидромасажа со воздух ги прави поефикасни третманите за дренажа, зацврстување, релаксација итн. Влeгувањето во кадата значи допир со природата. Лесното програмирање и работење е овозможено со аксесоарите за монтажа. Благодарение на разновидните можности што ги нуди Карибу кадата, странките имаат можност да почувствуваат благопријатни дејства на повеќе видови на третман.

 

АЈУРВЕДА

Древна лековита техника создадена во Индија пред 5,000 години. Базирана на древната индиска филозофија за животот, ова е најстариот познат третман за хармонија на телото умот и душата. Ајруведа масажата го регулира дишењето, ја подобрува циркулацијата на крвта, ја потпомага детоксификацијата и ја зголемува животната енергија, и го прави организмот поиздржлив.

070227684

За закажување
Јавете се!