Студиото „леонтиќ“ веќе 25 години претставува водечки бренд во фризерската, козметичката, масерската и шминкерската дејност, и со тоа успеа да воспостави стандарди за стил, креативност и модни трендови.
Лидерот на оваа компанија Васка Леонтиќ активно работи и го креира стилот на повеќето еминенти клиенти и вип-личности во Македонија и надвор од државата и е лидер на сите иновации, го диктира имиџот и трендот во фризерството и шминката.
Сопственото искуство и познавањето на светските норми за квалитет и професионалност, како и следењето на потребите на корисниците на услугите од Македонија и од странство придонесоа за константно проширување на видовите услуги со цел да се задоволат сите барања на нашите корисници.